Музи во музиката: Жените кои се опеани во македонските и странските хитови

Добивај вести на Viber

Жената низ историјата била инспирација за започнување конфликт меѓу две држави, за предизвикување двобој каде што мажите ја бранеле нејзината чест, но и муза за создавање бројни уметнички дела, песни, романи.

Честопати уметниците знаеле да западнат во тешка креативна криза, да добијат креативен блок, сé додека не здогледаат некои длабоки црни очи, некоја лелеава руса коса, некоја ангелска насмевка. Зад секое големо уметничко дело се криела некоја муза.

Жената денес, сеуште е огледало на емоциите на уметникот пренесени преку, стих, ноти, слика или модна креација. Таа е инспирација, која некогаш нема ни име, ни адреса, а постои пред очите, доволно да создаде слика, да повика заборавен збор, да разбуди немир.

„За тебе" Јас сум с`што ти е требно на тебе, љубоморно те чувам ко пес само за себе! Ја можам да замислам како би ми било да останам сам, сам, сам, али не и без тебе. Вероватно ќе откачам!. Тоа се стиховите од песната „Без тебе„ на Марко Маринковиќ - Слаткаристика посветени на неговата сопруга Сања.

Зборот е првата стрела која удира "директно во срцето" на слушателот, без разлика дали е напишан од среќа, тага или покајание. Многу песни стануваат хитови благодарение на пораката што произлегува од текстот. Една од нив е и „Не кани ме“ на текстописецот Борче Нечовски.

- Зборовите од таа песна едноставно бликнаа од мене во миговите кога почвуствував некоја грижа на совест поради моите чести отстуства од дома. Обврските околу кариерата беа преголеми, и поголем дел од времето го поминував работејќи. Кога ќе се вратев дома забележував колку ` недостасувам на Ирена и на моите две деца. И жена ми имаше своја кариера, свои амбиции, но им даде предност на моите активности. Зборовите од песната сакав да и дојдат како една утеха, како ублажување за нејзината болка од моите отсуства. Ја отпеа Миле Кузмановски пред осум години - откри текстописецот Борче Нечовски.

Во популарната музика постојат голем број мелодии, кои се доволни сами на себе и функционираат како инструментални нумери, како проектот на Александар Ристовски Принц, „Кога розите спијат“. Инспириран од својата сопруга Розе, познатиот музичар своите емоции ги срочил само во ноти.

- Со Розе се запознавме кога ја правев музиката за нејзината модна ревија „Скриени страсти“. Уште на почетокот таа беше моја инспирација за музиката од тој моден настан. Се надевам дека со тоа добив поени плус за да ја освојам. Подоцна и ја посветив и темата „И во добро и во зло“ – откри Ристовски. 

Љубовта е вечна инспирација за текстописците и неисцрпна тема во нивните песни. Панчо од дуото „ДНК“, признава дека неговата поранешна љубов била инспирација за баладите „Љубовта“ и “Кажано е се“.

- Напишав една балада „Срце“ и во неа се опишува реална ситуација која често се случува во врските. Девојките кои ме инспирирале се од мојот приватен живот, но не би сакал да ги споделам со јавноста – појасни Панчо.

Благодарение, на искреноста на одредени автори, имињата на некои музи се познати не само на македонската туку и на балканската музичка сцена.

„Не бих свакој пјесме писао, да сам знао да постојиш Оливера“. Со овие стихови популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ја опеа својата сопруга Оливера.

Евергрините „Милена“ и „Тонка“ на хрватскиот бенд „Нови Фосили“ се посветени на девојки со истите имиња. Авторот Рајко Думиќ ја опишал љубовта кон Милена, медицинска сестра од Неготино. Истиот автор заедно со Момчило Попадиќ во текот на една ноќ ги создале стиховите „Тонка реци цврчак, Тонка реци море“, а потоа и се јавиле да и ги прочитаат. Денес таа е госпоѓа, но с`еуште не знае да ја каже буквата „р“.

Селма Бориќ, која е опеана во песната на „Бело дугме“ е дело на Владо Дијак кое го создал во 1949 година. Селма била студентка, кога тој бил вљубен во неа. Во една пригода ` се понудил да ` ги однесе куферите до возот и го рекол легендарниот стих „Селма не нагињи се кроз прозор“ кој совршено го отпеа Жељко Бебек.

Инспирација на Момчило Бајагиќ - Бајага да го создаде големиот хит му била хрватската авторка и пејачка Алка Вуица.

„Пријехавши у Загреб, задоволјства свега рад, на дјевојку из Хрваца налетио сам тад, стријеле мочне љубави помрачиле ми ум, дах усне вреле вишње нагониле на блуд“ ги отпеа Џони Штулиќ од „Азра“ на Снежана Бановиќ, која денес е успешна театрска режисерка. Тоа се стихови од неговата култна тема „Усне вреле виšнје“.

Колку и да се популарни, недопирливи и светските звезди имаат мигови на слабост за кои отворено зборуваат во јавноста.

Боно Вокс фронтменот на ирскиот рок бенд „У2“ песната „The Sweetest Thing“ ја напишал како извинување за неговата сопруга Ели. Кога го снимал албумот „The Joshua Tree“.Тој го пропуштил роденденот на неговата сопруга затоа што морал да работи. Затоа ќе запише : „Колку и да сум далеку, секогаш ќе те сакам. Колку долго и да останам, секогаш ќе те сакам. Какви зборови и да кажам, секогаш ќе те сакам. Фразата „Извини“ (I'm sorry) се појавува низ целиот спот за „The Sweetest Thing“.

Пејачот на „Кјур“, Роберт Смит песната „Lovesong“ ја создал како венчален подарок за неговата долгогодишна девојка и во тој момент вереничка, Мери.

Ерик Клептон „Wonderful Tonight“ ја посветил на Пети Бојд, која тогаш му била жена на Џорџ Харисон, во која бил вљубен. Во текот на тајната љубов ја за неа ја напишал и „Layla“. Подоцна Пети се развела и се омажила за Клептон. Јоко Оно вјеројатно е заслужна за многуте хитови кои ги напиша Џон Ленон, како и за „Woman“, која јавно и ја посвети. Курт Кобејн и посвети нумера на Кортни Лав. 

Соња Алексоска Неделковска