И сама ја игнорираше оваа порака: Вирџинија Вулф и зборовите кои можат да променат сечиј живот

Најдобрата порака на Вирџинија Вулф, која и самата ја игнорираше, е нејзиниот парадокс кој може да промени нечиј живот.
Британската писателка Вирџинија Вулф е една од клучните фигури на модернизмот и авторка на неколку романи полни со автобиографски детали, од кои најпозната е секако „Госпоѓа Даловеј“ од 1927 година.
И покрај сите контроверзи, оваа неверојатна жена зад себе остави значајни дела и размислувања за луѓето, жените, животот, литературата... Таа беше една од ретките писателки што живееше од пишување, имаше романси со жени, а своите романи ги печатеше во сопствената печатница.
Пред речиси 84 години, таа му оставила на сопругот Леонард проштална белешка во која пишувало дека психичката состојба и се влошила, насочувајќи го кон реката во близина на куќата... Кога нејзиниот сопруг пристигнал таму, ја затекнал нејзината прачка како лебди.
Иако решила да се откаже од животот, овие неколку нејзини реченици го слават животот, а веројатно ги напишала за себе:
ОСТАНЕТЕ ЖИВИ
Што и да се случи, останете живи.
Не умирајте пред навистина да умрете.
Не губете се себеси, не губете надеж, не губете ја насоката.
Останете живи, со целото свое битие, со секоја клетка од вашето тело, со секое влакно на вашата кожа.
Живејте, учете, учете, размислувајте, градете, измислувајте, создавајте, зборувајте, пишувајте, сонувајте, создавајте.
Останете живи, останете живи во себе, останете живи надвор, исполнети со боите на светот, исполнети со мир, исполнети со надеж.
Останете живи со радост.
Има само едно нешто во животот што не треба да се троши залудно, а тоа е самиот живот.
Вирџинија Вулф