Вера „Љубојна“ во моден стил кој ги брише годините: Фантастично дамско издание на пејачката

Добивај вести на Viber

Како актерка излезена од театарска претстава, вокалистката на групата „Љубојна“, Вера Милошевска-Јосифовска во креација што може да ја износи само таа.

Црн долг фустан, во предниот дел со истакнато мини здолниште, при што до израз доаѓаат голите нозе на Вера. Горниот дел од фустанот е надополнет со црно кусо патно. Ваквиот изглед Вера го надополнила со ретро брановидна коса, сребрена огрлица, тркалезни обетки и голем впечатлив прстен на дамските ракавици од тантела.

За ваквото дамско издание на Вера „виновен“ е Раде Василев, костимограф во Драмскиот театар во Скопје, кој долги години е во оваа професија и работи на голем број театарски претстави.

Инаку Вера неодамна ја објави нејзината прва книга „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика“. Станува збор за етномузиколошки труд на пејачката која освен што е вокалистка во групата „Љубојна“, таа е наставник по традиционално пеење и вокален тренер во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Државен музичко-балетски едукативен центар Скопје.

Фото: Фејсбук
РЖМ