Бресквица без градник, во ултра кратко фустанче: Засени со телото, велат таа е девојка - „авион“ ФОТО

Младата музичка ѕвезда Анѓела Игњатовиќ Бресквица блесна на градски настан, каде сите погледи беа вперени во неа.
Атрактивната Бресквица за оваа пригода избра дрско кусо фустанче полно со светки, а го облече без градник, бидејќи има рез на градите и изгледаше гламурозно како холивудска дива.
Фустанот со затворени ракави ја истакна нејзината совршена фигура и деколте, а Бресквица целиот стајлинг го заокружи со дискретни, но не помалку гламурозни црни сандали.
Благодарение на смелата комбинација која одлично ѝ прилегаше, таа не остана незабележана, а во разговор со новинарите се осврна и на соработката со Саша Матиќ, чија гостинка беше на концертот во белградска арена на 8-ми март.
- Ме поддржа, поддржа се што правам, тоа многу ми значи. Со Саша се познавам долго време, но последно што очекував беше да настапам покрај него во Арената. Многу сум му благодарна за тоа. Благодарна сум му за секој збор што ми го кажа – изјави пејачката за Блиц.
Бресквица неодамна се појави на концертот на Саша Матиќ во Белградската арена на 8-ми март и истакна колкава чест и е што застана рамо до рамо со него, бидејќи заедно снимија дуетска песна која е во тренд со денови.
Бресквица ја поткачи Карлеуша: „Таа е крајно глупава!“
Пејачката Анѓела Игњатовиќ во последно време многу го промени стилот. Тинејџерката во рап-стил се трансформираше во млада вамп жена, а Бресквица признава дека во тоа голема улога имала нејзината најдобра пријателка и стилистка, која вчера вечер го поддржувала на промоцијата на неговиот бренд.
На прашањето дали нејзиниот дует со Саша Матиќ ќе биде поголем хит од неговите со Цеца и Јелена Карлеуша, Брексвица одговори дека е неблагодарно да го коментира тоа, но одговори што мисли за затворањето на Инстаграм на Јелена Карлеуша.
– Секој треба да има слобода на говор, но тој говор никого не треба да навредува и не треба да биде говор на омраза. „Ама Боже мој, што знам, девојката е крајно глупава“, алудирала Бресквица на претходниот коментар на Јелена за неа.