„Магнетната резонанца не покажала ништо, имал само еден симптом“: Кумот на Саша Поповиќ со детали – „Кога открија, болеста веќе беше проширена“

Добивај вести на Viber

Дејан Ќирковиќ Ќира се уште не може да се помири со смртта на неговиот кум Саша Поповиќ, а детали за неговата болест ги откри за српски „Блиц“.

Имено, Ќира откри дека цело време бил во контакт со сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ и истакна дека Поповиќ за дијагнозата дознал случајно.

- Сузана се уште е во шок, се превзема многу тешко. Сега има многу обврски, куќата и е секогаш полна со луѓе и се уште не е свесна што се случува. До неа ќе стигне само кога ќе заминат гостите и кога ќе се смират работите... Сале почна многу работа и сега треба да фги превземе таа, а не може ни да ја префрли колата на нејзино име додека немаоставинско рочиште - рече Ќира и истакна дека Саша имал само еден симптом.

- Ние двајца поминувавме многу време заедно, човекот немаше никакви симптоми освен кашлање, иако и јас во тој момент кашлав. Неверојатно е дека отишол на магнетна резонанца и ништо не покажало дека има рак. Сам размислував да го направам тој преглед, но кога слушнав дека трае еден час, се откажав. Дури го прашав: „Добро бе, што правеше таму еден час?“. Не можев да поверувам кога ми кажа дека се обидел да се сети на сите учесници во „Ѕвездите на Гранд“ - ни рече Ќира и додаде:

- За дијагнозата дозна дури кога по три недели отиде да го извади гипсот од ногата, а лекарите видоа дека ништо не заздравило. Дотогаш болеста веќе се проширила и за жал тој не можел да се спаси.

На крајот рече дека се уште не може да се помири со смртта на неговиот кум.

- Се уште не ми се верува дека Сале го нема. Многу ми е тешко кога ќе го слушнам неговиот глас на телевизија.

Извор: Blic.rs