Родените во март се посебни личности: Тие се оптимисти, интуитивни со златно срце

Се ближи крајот на тмурните зимски денови, а пролетта мириса на секој чекор. Тротоарите веќе нема да бидат замрзнати, а цвеќињата наскоро ќе почнат да цветаат.  Овој месец е прекрасно време да станете мајка и прилично добар месец да се родите.

Еве што вели науката за луѓето родени во март:


Многу е веројатно дека тие ќе напредуваат на листата на корпорациите

Луѓето родени овој месец најверојатно ќе седнат во директорското столче. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем отколку во кој било друг месец.

Една студија докажа дека од 375 извршни директори, 12,5% се родени во март. Се верува дека ова е поврзано со тргнувањето на училиште, бидејќи децата од март се почесто постари од другите во класот.


Тие се помалку склони кон проблеми со видот отколку личностие родени во лето

Додека родените во јуни и јули треба да ги проверат диоптрите, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Студија направена врз 300.000 војници открила дека родените во текот на летото се со поголема веројатност да бидат кратковидни, додека децата родени во пролет ретко ќе имаат проблеми со диоптрија.


Тие се природн оптимисти

Анкета од 2014 година покажа дека луѓето родени во март (како и оние во април и мај) скоро имаат природен вроден оптимизам. Резултатот од истражувањето покажа дека тие имаат најпозитивен поглед на светот.


Следна страна