Чупето од Битола издоминира во француската метропола: Маја покажа како една Македонка се носи во Париз

Не постои жена која со радост не го прифати модниот факт дека баретката е повторно хит.
Овој моден детаљ кој е „must have“ за посета на француските улици и без кој не смеете да го посетите Париз, веќе цела сезона е вистинско парче кое мора да го носите насекаде.
А низ француската престолнина со познатото модно парче прошета и нашата омилена битолчанка Маја Андоновска.
Гордо со модните комбинации, актерката Маја им парираше на дамите на чиј стил секогаш му се восхитуваме.
Со своите модни комбинации чупето од Битола издоминира и покажа како една Македонка може да се носи во Париз.
Црна и црвена боја- како безвременска класика на францускиот симбол за дамски изглед- беретката како омилен моден додаток едноставно се најде во комбинациите на Андоновска.
Популарните француски капи, односно прочуените беретки, потсетуваат на француските диви, но и на многу славни уметници, писатели, сликари, а улиците на модните метрополи се преплавени со овој тренд.
Погледнете како нашата позната актерка ги искомбинира во фотографиите подолу.
Имено, актерката изминатиов викенд беше во посета на Франција, каде ги посети најпознатите музеи.
„Версај не е само музеј. Версај преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век.
Да се биде во Версај - центарот на моќта во Франција за прв пат е како да се заљубуваш за прв пат... а тоа е чувство што обележува еден животен циклус...
Кој бил знае... и се смешка додека ме чита !
Зошто Версај и Париз може само да се почувствуваат со сите сетила, а зборовите немаат таков колорит за да опишат...
Јас ќе му се вратам повторно, и незнам зошто толку многу сум чекала за да се запознаеме“ .
„Музејот Лувр -: Musée du Louvre во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња.
Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
Спремна сум и возбудена за Лувр како мало дете.
Три дена имам потреба да кажувам само благодарам на универзумот и бог“ - напиша Маја на социјалните мрежи покрај низата фотографии кои ги сподели со следбениците.
Фото: Инстаграм/официјален профил Маја Андоновска
Р.Ж.М