Некогаш живиот Кен после 100 операции стана хорор Барби: Оддалеку не изгледа страшно, но кога ѝ се приближите-ве дочекува ужас

-Родриго Алвес, сега познат како Џесика Алвес, се трансформираше од „жив Кен“ во „жива Барби“
-Џесика Алвес имала над 100 пластични операции за да стане „жива Барбика“, а сега се бори со компликации
Родриго Алвеш ја стекна светската слава поради зависноста од операции, од кои имаше повеќе од 100, претворајќи се во „човечки Кен“. Сепак, минатата година одлучи дека сепак би сакал да биде „човечка Барбика“. По долго време Џесика се појави во Лондон, а беше инспирирана од најпопуларната кукла на светот.Нејзината фасцинација со барбиките започнала уште на рана возраст кога добила кукла на подарок. Родриго Алвеш пораснал како срамежливо дете и често се чувствувал несигурен во врска со својот изглед. Подоцна, како млад возрасен, решил да направи пластична операција за да ги поправи проблемите што ги имал со своето тело.
Тој го промени своето име во Џесика Алвес и почнал со хормонска терапија. Следувале бројни операции кои според мислењето на многумина претерала. Џесика продолжила со операциите, иако нејзината кожа е буквално мувлосана и скапува на некои места. Пред извесно време поради претераните операции добила гангрена на кожата на носот.
Нема намера да ги прекине операциите.
Некои би рекле дека тоа е доволно за да се запрат интервенциите, но не и за Џесика, која откако беше одбиена од сите американски, мексикански, бразилски, па дури и турски лекари, нашла клиника во Азербејџан која се согласила да ѝ направи уште едно дотерување.
Кожата и е мувлосана на неколку места по операцијата“, рекол пријател кој бил со неа во Азербејџан. Меѓутоа, наместо да бара помош, трансродовата „Барби“ ја прикрива штетата со шминка.
Вака неодамна беше фотографирана од папараците, а иако беше дотерана од глава до петици, ретко кој можеше да го тргне погледот од нејзиното деформирано лице. Очигледно беше дека операцијата не поминала добро, иако таа имаше слоеви и слоеви шминка на себе. Кожата околу нејзиниот нос е непријатно затегната и со лузни, а истото важи и за областа околу косата, која се обидува да ја сокрие со перика.
Од нејзините слики многумина ги полазуваат морници
Лицето на Џесика беше тешко за гледање, а нејзиниот нов нос сега беше неприродно тесен. Многумина се прашуваа како и дали воопшто може да дише, а глетката беше непријатна за гледање. Сепак, Џесика е нејзиното најубаво јас, што може да се види на Инстаграм, каде што не престанува да зборува за себе исклучиво во суперлативи.
Меѓутоа, сега и со тежок фотошоп не може да ја сокрие „штетата“, а кадрите во кои дури и користи филтри се уште предизвикуваат морници. Семејството и пријателите ја молат да престане, но за жал нивните зборови не допираат до нејзините уши. Нема сомнеж дека „живата Барби“ нема да мирува додека не биде копија на познатата кукла.
ФОТО: Инстаграм