Актуелно // Insta вести
Ваков роденден би посакало секое дете: Еве какво изненадување и приреди Емакулате на нејзината ќерка во Барселона

Ќерката на најпознатата Кенијка која е македонска снаа прослави роденден.
Дариа наполни 4 години, а мама Ема и тато Михајло приредија забава за паметење за малата роденденка.
Семејството Блажески роденденот на Дариа го прославија во Барселона додека се заедно на патување.
Очигледно малата Дариа уживала во роденденското изненадување во Музејот на слатките, каде дувала свеќички на розова торта.
„Дариче, секој ден ни ги полниш нашите срца со толку многу љубов и среќа. Ова се најубавите 4 години од нашите животи и ова е само почетокот. За уште бескрајно многу убави моменти, Среќен роденден, малечка“, напиша Ема.
Фото: Инстаграм
РЖМ