Каква мајка, таква ќерка: Гоца и Лена користат ист трик за убавина, идентични се

Ќерката на Гоца Тржан долго време не сакаше публицитет, но веќе неколку години призна дека и се допаѓа центарот на вниманието.
За време на нејзините помлади денови, таа едвај се согласувала за фотографирање со својата позната мајка.
Со годините станувало многу полесно, па дури и изгледа дека многу ужива во тоа.
Со секоја нова заедничка слика, обожавателите на поп-ѕвездата не можат, а да не искоментираат дека мајката и ќерката се неописливо слични.
За волја на вистината, уште како девојче Лена многу повеќе личеше на Гоца отколку на нејзиниот татко Иван Маринковиќ, додека со годините оваа сличност се зголемува.
Без разлика дали се работи за шминката, стајлингот или однесувањето или аголот на фотографирањето, сите се согласуваат дека ќерката на Гоца Тржан стана нејзина помлада копија.
Имаат сличен стајлинг, слично одење и гестови, а како што Лена растеше и ја споделуваше страста за шминкање со мајка си, тие исто така ги користат истите трикови, поради што визуелно многу наликуваат една на друга.
Имено, тие двете се дури и верни на ист кармин, кој поради сличниот тен непогрешливо им стои.
Фото: Инсатграм
Извор: Story.rs