Сузана Турунџиева буквално во вулкан: Оваа жена обожава адреналин

Добивај вести на Viber

Погодните временски услови се одличен повод за ново истражување и авантура на нова туристичка атракција.

Водителката Сузана Турунџиева почетокот на месец март го искористи да замине во посета на Италија, со блики пријателки и ќерката Матеа.

Прво ја истражуваше Катанија на Сицилија, а потоа ја посети најголемата туристичката атракција на источниот брег на овој остров, вулканот Етна.

Вулканот Етна, сместен е близу до Катанија, висок е 3.320 метри, што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот.

Турунџиева со пријателките ја шеташе Катанија, каде ги посетија најпрепознатливите знаменитости, а судејќи по нејзиниот изглед на лицето задоволна е од она што го видела.

Фото: Инстаграм
РЖМ