Агнеса и роденденот на ќерката го направи со стил: Тифани имаше забава за паметењe - погледнете

Добивај вести на Viber

Помалата ќерка на Агнеса Органџиева, Тифани прослави роденден.

Тифани наполни 13 години, а нејзината мајка и организирала незаборавна роденденска забава во кафуле со познатиот македонски диџеј Бабура Јуниор.

На забавата Тифани ги поканила најблиските другарчиња, а место имаше и за баба и дедо.

Родителите на Агнеса се нејзината најголема поддршка во животот, па така и за овој важен ден во животот Тифани беа присутни.

Забава со најголемите светски хитови и торта во пастелни бои, Тифани си посака желба и ја дувна 13-та.

„13- ти март, 13 години, сега си веќе тинејџер, љубов моја. Среќен 13 – ти роденден Тифани, те сака мама“, напиша Агнеса на заедничките фотографии.

Фото: Инстаграм
РЖМ