Како се освојува Сахара со беспрекорен изглед? Наместо египетска фараонка, се претвори во грчка божица

Добивај вести на Viber

Новиот изглед на пејачката Антониа Гиговска за потребните на нејзиниот најнов спот сниман во Египет, само мала најава за она што може да очекуваме од оваа „камелеон“ девојка.

Антониа веќе на социјалните мрежи го објави тизерот за песната насловена „Аман“.

За потребите на спотот со екипата, режисерот Даниел Николовски, фотографот Антонио Станковски и нејзиниот стилист Даниел Николовски неколку дена престојуваа во Египет. А како најпогодна дестинација за спотот беше пустината.

Антониа досега објави два неверојатни изгледи во кои ќе се појави.

Комбинезон панталони во мастило боја, целосно прекриени со искршени огледалца и бел фустан налик грчките божици, надополнет со специфичен вез во златна боја. За да се долови целосниот изглед пејачката има уникатен златен накит кој комплетно ја исполнува зацртаната желба на пејачката.

Шминката и косата се своја приказна. Долгата руса коса е брановидна, додека со шминката се доловува албино изглед - со бели трепки и веѓи.

Како овие два изгледи ќе се вклопат во музичката приказна на „Аман“ ќе дознаеме наскоро.

Фото: Инстаграм
РЖМ