Кој е Дарио Витале, новиот директор на „Версаче“?! На овој човек Донатела му ја довери целата култна модна империја

Познатата модна дизајнерка Донатела Версаче повеќе не е креативен директор на култната модна куќа, на чија позиција е по убиството на нејзиниот брат Џани Версаче во 1007 година.
Донатела Версаче, која е движечка сила на еволуцијата на брендот веќе 30 години, сега ќе биде главен амбасадор на познатата италијанска модна куќа.
Од 1997 година, таа е клучна во обликувањето на идентитетот на брендот во модерната ера. За тоа време, Версаче го зголеми своето глобално влијание, притоа останувајќи верен на својот препознатлив потпис, смела, гламурозна и немилосрдно секси естетика.
Донатела веста за големата промена ја објави на Инстаграм и откри дека нов креативен директор на модната куќа Версаче е Дарио Витале, кој функцијата ќе ја преземе од 1-ви април годинава.
„Отсекогаш ми беше важно да ја поддржам следната генерација дизајнери. Возбуден сум што ни се придружи Дарио Витале и возбуден што ќе го видам Версаче со нови очи. Сакам да им се заблагодарам на мојот неверојатен дизајнерски тим и на сите вработени со кои имав привилегија да работам повеќе од три децении."
Беше најголемата чест во мојот живот да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Тој беше вистински гениј, но се надевам дека ќе имам дел од неговиот дух и упорност.
„Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстраствениот поддржувач на Версаче. Версаче е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, напиша Донатела.
Витале ја напушти својата позиција како креативен директор на Miu Miu во јануари.„Версаче има уникатно наследство кое опфаќа децении и ја обликува историјата на модата. Сакам да искажам искрена благодарност до Донатела за нејзината доверба во мене, како и за нејзината неуморна посветеност на извонредниот бренд кој денес е Версаче".
„Привилегија е да придонесам за идниот раст на Версаче и неговото глобално влијание со мојата визија, стручност и посветеност“, рече новиот креативен директор.
Познатата модна дизајнерка Донатела Версаче отсекогаш се трудела да го задржи младешкиот изглед, па дури и сега, на 65-годишна возраст, нејзината грижа за себе е на прво место.
И сето тоа се должи на пластичните операции што таа ги започна во 90-тите години на минатиот век. Редовно оди на третмани со ботокс затоа што не може да ги поднесе брчките. Таа тврди дека, освен лицето, целото тело и е природно.
Донатела е преплашена од стареење, но од толку многу операции, лицето ѝ изгледа деформирано. Пред неколку години, таа изјави дека спие секоја вечер во замрзнувач со цел да го задржи младешкиот изглед.
Таа постојано изјавуваше дека обожава тен толку многу што никогаш не го избегнува сонцето, иако кожата изгледа збрчкана и старее од прекумерно изложување.
„Внимавам на изгледот затоа што секогаш сакам да изгледам пожелно“, рече Донатела.
Во младоста таа била вистинска убавица.
Сепак, она што не може да се оспори е нејзиниот префинет вкус, а сега таа покажа и како го украсила својот дом.
Убава, висока елка полна со софистицирани украси и тренди фустан го комплетираше концептот на фотографијата.
Фото:instagram/donatella_versacе
Извор: glossy.espreso.rs/ zena.blic.rs