Македонката Тамара Ангеловска нуди помош за семејствата на повредените кои заминаа на лекување во Бугарија

Македонката Тамара Ангеловска која студира и живее во Бугарија самоиницијативно се пријави за помош на семејствата чии деца се однесени на лекување во болниците во Бугарија.
Преку јавен повик Тамара остави и контакт телефон каде може да ја побараат доколку семејствата имаат потреба од било каква помош.
„Многу граѓани се поврзаа со мене, за семејствата чии деца се лекуваат тука во Софија. Јас утре ќе појдам до болницата да проверам дали на некој од семејствата им е потребна било каква помош. Со пријателите тука сме отворени за помош. Слободно за било што да им е потребно може да ме контактираат“, вели Тамара за Женски магазин.
Според последните официјални информации 14 лица се испратени на лекување во Бугарија. Осум од повредените ќе бидат сместени во болницата Пирогов, три лица во Пловдив и три во Варна.