Познато во каква состојба е Панчо од ДНК по пожарот во Кочани

Добивај вести на Viber

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој и неговиот бенд имаа концерт, изјавила за САКАМДАКАЖАМ.МК неговата сестра Јадранка Николовска.

Досега официјално 51 лице загинаа во пожар во дискотека во Кочани.

Трагедијата се случила во ноќниот клуб „Пулс“ , а пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства.

Истрагата е во тек, има приведени а тагата за настраданите млади животи вечно ќе тлее во душите на сите, посебно на најблиските.

Родителите во агонија, ги бараат своите деца! По трагичната ноќ во Кочани објавени слики од млади луѓе-ништо не се знае за нив

ТОШКОВСКИ: Трагедијата во Кочани однесе 51 лица, над 100 се повредени