ТОШКОВСКИ: Трагедијата во Кочани однесе 51 лица, над 100 се повредени

51 лице го загубиле животот официјално, кажа пред малку на прес конференцијата министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски потврди дека искрите од пиротехника употребена за светлосен ефект предизвикале трегедија, односно палење на кровната конструкција која била од лесно запаллив материјал.
Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.
-Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад, рече Тошковски.
-Со длабоката тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност, рече Тошковски.
Министерот најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста и изрази сочувство до семејствата на настраданите.