Храбро се бореше со пламените јазли и животот го даде спасувајќи други: Виктор Јорданов слава ти!

Добивај вести на Viber

Неопислива трагедија ја гори Македонија. Кочани е изгорено од смртта на млади деца. Во црно се завиени многу семејства кои ги изгубија чедата во страотниот пожар во кој загинаа и седум членови на бендот „ДНК“ кој имаше настап кобната ноќ.

Црн викенд е зад нас. Седум дена Македонија ќе ги жали загинатите. Но, семејствата, блиските , познаниците, пријателите на настраданите се изгорени во душите засекогаш.

Од оваа трагедија многумина ќе бидат запамтени како херои.

Еден од нив е и Виктор Јорданов кој загина давајќи го сопствениот живот за да спаси други. 

Кога пламените јазици голтаа се пред себе, тој не бегаше. Храбро стоеше пред стихијата со цел да спаси повеќе животи.

Виктор, твоето срце престана да чука, но твоето дело ќе живее вечно. Почивај во мир, хероју.