Билбилов скршен од тага за загубата на колегите: Сподели ретро фотографии со Андреј

Добивај вести на Viber

Голема е тагата по загубата на десетици животи во страотниот пожар во дискотеката во Кочани.

Групата „ДНК“ која одржуваше концерт таму, кобната ноќ на 16 март загуби седум членови. 

Не престануваат да се споделуваат тажни и емотивни зборови упатени до членови на групата кои настрадаа. 

Скршени од тага се сите колеги од музичката естрада.

Продуцентот и музичар Роберт Билбилов сподели емотивни ретро фотографии потсетувајќи се на времињата од младоста со колегите.

„Скршен од тага“ - напиша кратко Билбилов покрај едната споделена фотографија.