45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство, досега извршени 15 обдукции: Нови детали

„45 лица се во критична состојба и се транспортитаат во странство, а досега на околу 15 лица кои настрадале во дискотеката во Кочани е извршена обдукција“, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес – конференција.
Пиротехниката во дискотеката Пулс во Кочани, која доведе до трагичниот пожар, била донесена од страна на бендот ДНК, а лицето што било задолжено за употреба на пиротехничките средства, за жал, го загубило животот во несреќата, рече Тошковски.
На распит во Скопје приведени се 5 лица, меѓу кои и еден поранешен министер. Биле извршени претреси кај вработени во министерството економија, одземени се електронски уреди, оружје и доказни материјали.
Вчера 13 лица во Штип биле приведени: сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб