Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато: Министерот Панче Тошковски со детали за пожарот во Кочани

Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, изјави на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Од она кое го имаме утврдено досега, ќе пробам да доловам конкретни факти во јавноста. Од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот. За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител“, изјави Тошковски. “, изјави Тошковски.
Министерот истакна дека увидот и натаму го врши Основното јавно обвинителство.
„После 17
часот вчера се започна со транспорт на телата во Судска медицина. Во критична
состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираат во странство, во соодветни
здравствени установи и Владата прави напори за нивно безбедно згрижување“, рече
министерот Тошковски.