Колективна тага во Македонија – На УКИМ се собраа огромен број студенти: Ова е масовен собир за жртвите од трагичниот пожар во Кочани

Во тешка и болна тишина, стотици студенти денеска се собраа во главниот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во чест и почит кон жртвите од катастрофалниот пожар што ја потресе цела Македонија.
Со 59 загубени животи и уште 45 млади луѓе во критична состојба, земјата минува низ еден од најтрагичните моменти во својата понова историја. Потресени од болката и немоќта, студентите и академската заедница од УКИМ организираа оваа недела жалост, повикувајќи ги сите граѓани да им се придружат во оддавање почит и испраќање порака на солидарност.
Во кампусот на УКИМ свое обраќање имаше ректорката Билјана Ангелова.
Собирите ќе продолжат низ кампусите на УКИМ до 21 март, со надеж дека оваа трагедија ќе ја разбуди свеста за потребата од подобра заштита, одговорност и превенција, за никогаш повеќе да не се повтори ваква загуба.
Дополнителни информации за наредните собири ќе бидат објавени на официјалните профили на организаторите. Македонија жали, но и памети.
Извор: ФАКТОР