Животна училница // Приказни
Траорни сцени од Кочани: Лелек на родителите и солзи во очите на граѓаните – Ова се тешки денови за Македонија (ВИДЕО)

Потресни слики денес од Кочани. Тага, солзи и пискотници од родителите чии деца трагично загинаа во пожарот.
Граѓаните денес на плоштадот во градот каде се случи трагедијата спонтано се собираа, палеа свеќи и запишуваа во книгата на жалост при што им оддадоа почит на загинатите.
По собирот на плоштадот, присутните се упатија на протестен марш низ градот барајќи правда за овој случај.
Во пожарот кој се случи рано утрината во неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 луѓе, а околу 120 лица се повредни и се лекуваат.
Мирен марш се одржа и во Штип од каде што загинаа 5 лица. Млади граѓани се собраа на плоштадот каде вчеравечер се палеа свеќи во чест на загинатите, со транспаренти брајќи правда за овој случај.