Професор Ана Симонова од Кочани: Наша вина е што дозволивме овој систем да ни ги убие децата

Добивај вести на Viber

 Дозволивме овој систем да ни ги убие децата и тоа е наша вина, вели професорката Ана...

„Ние сами си ги убивме децата. Ние сме сервилни и незаинтересирани. Дозволивме овој систем да ни ги убие децата и тоа е наша вина“, изјави кусо за Женски магазин, професорката по македонски јазик и литература Ана Симонова од Кочани.

Симонова веќе 15 години е вработена во образованието и е професор во ОУ Раде Кратовче во Кочани. 

Од друга страна на официјалната страна на групата Кочани, постојано се ажурираат информациите. Оттаму искажуваат и благодарност за целата поддршка во овие тешки мигови.

„Сплотеноста што ја покажавме во овие најтешки мигови е единствената светлина во оваа темнина што го обви нашиот град. Болката е неизмерна, тагата е неизлечива, но човечноста што ја добиваме од сите страни ни дава сила да издржиме.

Во овие денови на најголемата загуба, не сме сами. Македонија тагува со нас. Нашите соседи, нашите пријатели, луѓето што чувствуваат со нас сите подадоа рака. Со збор, со дело, со срце. За секој збор на утеха, за секоја помош, за секој знак на поддршка немаме доволно зборови да ви се заблагодариме.

Тагата ќе остане, но вашата поддршка е сведоштво дека човечноста е посилна од сè. Ова никогаш нема да го заборавиме!“ - стои во објавата на групата на градот кој ги живее најцрните денови.