Јована Пајиќ, Беквалац, Милица Павловиќ: Овие познати балкански ѕвезди настапувале во „дискотеката на смртта“ во Кочани - таа го имала последниот

Добивај вести на Viber

Дискотеката „Пулс“ во Кочани во која за време на концерт на групата ДНК се појави пожар во кој загинаа 59 лица, а 150 се повредени, немала легална лиценца за да работи.

Надлежните институции објавија дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот кој рано утрината се случи во дискотеката.

Во „дискотеката на смртта“ како што ја нарекуваат настапиле голем број на македонски музички ѕвезди, но и балкански.

Пред една недела во дискотеката „Пулс“ последна настапила српската пејачка Јована Пајиќ. Пејачката за српскиот портал Република изјавила:

„Местото каде што сето тоа се случило е дискотека, не е некој шатор па толку лесно да се појави пожар. Ужасно е ова што се случило, многу ме потресе информацијата утрово. Не се сеќавам јас кога настапував дали имаше некоја пиротехника, за да може да се предизвика пожар“, изјавила Јована.

@republika.zabava #jovanapajic #severnamakedonija #republikatv Dramatic - Big Dreams

Помеѓу останатите балкански ѕвезди се Наташа Беквалац, Милица Павловиќ, Војаж, Раста и други.

Додека од македонските ѕвезди, Антониа Гиговска, Либеро бенд, Барбара Ракичевиќ, Дј Галоски, Панчо како Дј Шорти, Ивона Јо и други.

Синоќешниот настап на групата ДНК со нивниот бенд беше кобен. Во пожарот предизвикан од пиротехника, загинаа петмина од бендот.

Фото: Инстаграм