Животна училница // Приказни
Нема место за забава во вакви црни денови: Здравко Чолиќ ги откажа концертите во Скопје
- 16 Март, 2025 18:35

Здравко Чолиќ се огласи за трагедијата во Кочани.
Тој најави дека ги откажува концертите во Скопје.
Здравко Чолиќ прв на Инстаграм го објави зборот „Кочани“ со емоџи со свиткани дланки, изразувајќи тага и солидарност.
После тоа, тој објави дека ги откажува концертите кои беа закажани за 18, 19 и 21 март.„Концертите ќе бидат одложени. Наскоро ќе бидат објавени нови датуми“, напиша Чолиќ.
Да потсетиме, најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години.