Животна училница // Приказни
Родителите во агонија, ги бараат своите деца! По трагичната ноќ во Кочани објавени слики од млади луѓе-ништо не се знае за нив
- 16 Март, 2025 09:09

Роднините и пријателите на социјалните мрежи ги бараат своите најблиски кои вчера присуствуваа на концерт во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Над 16 фотографии кружат на социјалните мрежи. Во Клиничкиот центар во Скопје е изложен список на повредени, од кои голем дел се во тешка состојба.
Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се пренесени на скопските клиники. Во Градската болница Скопје се хоспитализирани 27 лица, а во Клинички центар 24 лица. Болницата „8-ми Септември“ прима и повредени лица.