Вечното почивалиште на Андреј ќе биде во Бутел: Детали за погребот сподели неговата сопруга Наталија

Добивај вести на Viber

Андреј, пејачот на групата ДНК кој загина спасувајќи животи во дискотеката на смртта во Кочани минатиот викенд, ќе биде погребан утре, четврток.

Неговото вечно почивалиште ќе биде во Бутел, а детали за погребот преку социјалните мрежи сподели неговата сопруга Наталија.

„Погребот на Андреј е закажан за четврток, во 10 часот во капелата во Бутел“ - напиша сопругата на пејачот на социјалните мрежи.