Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Добивај вести на Viber

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски. 

Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување.

Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените.