„Каде и да одеа, помагаа“: Продадоа награда, а парите ги донираа за лекување на момче – Калиопи за Андреј и Панчо за хрватски ИН магазин

Голема трагедија ја погоди Македонија откако ноќта меѓу саботата кон неделата избувна пожар во дискотека во градот Кочани. Најмалку 59 лица го загубија животот, а нас 150 се повредени. Клубот во моментот на несреќата бил полн, внатре имало 500 луѓе, иако биле продадени само 250 билети. Македонската пејачка Калиопи рече дека тагата ја обви целата земја.
- Оваа тажна вест не потресе сите. Голем револт има и кај граѓаните затоа што сме немоќни. Ова е голема катастрофа што се случи. Сите сме засегнати. За жал, поради употреба на пиротехнички средства и корумпиран систем, тој хангар, бидејќи работел и како ноќен клуб, немал никакви дозволи, не била предвидена евакуација од пожар, а немало ниту систем за гасење пожар. Тој клуб на смртта никогаш не требало да постои. Ова произлезе од незнаење, корупција и пропусти – изјавила Калиопи за ИН Магазин.
Меѓу загинатите има и членови на популарниот македонски ДНК бенд. Во пожарот животот го загубија седум членови на бендот, меѓу кои фотограф, тонски инженер, гитарист, басист, тапанар, клавијатурист и еден од придружните вокали.
- Длабоко сочувствувам со семејствата кои ги загубија своите деца. Многу добро ги познавав членовите на бендот. Андреј и Панчо ми се пријатели, а еден од придружните вокали, којa почина и Ана, која за среќа преживеа, некогаш беа дел од мојот бенд. Тие пееја со мене - изјави пејачката.
Таа истакна колку е популарен и сакан ДНК бендот. Пред две години, како што рече, ја добиле наградата за најпопуларна група на наградите „Златна бубамара“, а минатата година нивниот хит беше прогласен за песна на годината. Тие беа особено популарни кај младите, особено кај тинејџерите на возраст од 14 до 25 години.
- Каде и да отидеа на некој начин помагаа. Минатата година ја продадоа наградата „Златна бубамара“ за момче на кое му требаше лекување. Добија 20.000 евра и речиси секој месец одеа кај некои сиромашни да им помогнат и да им изградат куќи - рече Калиопи.
Калиопи со тага раскажала како пејачот на ДНК, Андреј Ѓорѓиески го загубил животот токму поради неговата хуманост.
- Успеал да излезе пред дискотеката, но повторно се вратил за да помогне да се спасат младите деца, но тоа траело околу 15 секунди, додека влегувал, токсичниот воздух го убил. Нивната музика имаше влијание и врз младите, но пред се тие се двајца добри млади луѓе, со добро срце, едноставно благородни и тоа е пред се. Да се биде човек е пред се друго – завршила Калиопи.
Извор: 24sata.hr