Миа Костова: „59 мајки плачат денес, замислете ги собрани на куп - Најголема трагедија која никој никогаш не светот не треба да ја почувствува“

Трагедијата во Кочани ја потресе цела земја. Нема човек кој не чувствува тага, болка и кој не заплака за 59-те млади животи кои загинаа во пожарот во дискотеката додека концерт имаше групата ДНК.
Многу прашања треба да се одговорат, но траумата која е колективна ќе остане длабоко во сите нас.
Многу родители во моментов живеат во страв за своите деца, каде се, што прават … многу мајки се скршени од тага и болка затоа што го изгубиле најмилото.
Инфлуенсерката Миа Костова како мајка на Андрија кој веќе е тинејџер, во куса објава сподели како таа се чувствува во моментов, а веруваме дека и многу други мајки го имаат истото чувство, токму сега кога пред очи гледаме што се случува.
„Стасавме до таму да кога доаѓа од школо, влегува и вика „жив сум зошто ѕвониш 27 пати“. 59 мајки плачат денес. Замислете ги собрани на куп. Најголема трагедија која никој никогаш не светот не треба да ја осети и види. Наша е. Денес, март. Никогаш да не се заборави и да биде лекција која ќе се учи за како се сменил светот. Во парчиња сум народе. Немам капацитет ни сила“, напиша Миа.
Фото: Инстаграм