СКОПЈЕ СПЛОТЕНО НА ПЛОШТАД ТАГУВАШЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ: Долг и болен молк.... ГАЛЕРИЈА

Скопјани им оддадоа почит на настраданите во страотниот пожар во Кочани...
Скопјани со долг и болен молк им оддадоа почит на жртвите. Иако беше планирано да се молчи 16 минути, бидејќи трагедијата се случи на 16-ти во месецот, граѓаните многу подолго тагуваа со молчење. Чувствата се измешани со тага и гнев затоа што мислат дека институциите потфрлиле.
Граѓаните запалија и свеќи за настраданите, а оставаа и цвеќиња на плоштадот.
Во врска со смртоносниот пожар во нелегален ноќен клуб досега се уапсени 18 лица. Судот им одреди краткотраен притвор на 16 осомничени за трагедијата во која загинаа 59 лица, главно млади луѓе.
Денеска народ се собра низ цела Македонија. Собир имаше и во Кочани, Битола, Кавадарци, Делчево....
Преку галеријата на нашиот магазин, погледнете како беше на плоштадот во Скопје.
ФОТО: Женски магазин
















