Молкот траеше 75 минути: Студентите во Белград им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Со молк во траење од 75 минути, свежо цвеќе и запалени свеќи, студентите во Белград и случани граѓани пред Амбасадата на Македонија оддадоа почит за 15-те загинати во падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад и за 59-те жртви кои загинаа во дискотеката во Кочани.

Студентите кои ги блокираат факултетите и бараат правда за загинатите по падот на натстрешницата во Нови Сад, во саботата ги имаа најмасовните протести во историјата на Србија.

Дипломатите од Северна Македонија излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани.

Транспарентот „Не бевме сами, затоа што оние кои сакаат се секогаш многу повеќе“ беше истакнат пред Амбасадата.

View this post on Instagram

A post shared by Kreni-Promeni Mladi (@krenipromeni.mladi)