Имаше 20 години и беше неверојатно убава: Вака изгледаше Светлана Цеца Бојковиќ во 1967-ма година
Фото насловна: Youtube-screenshoot-NOVA S
Ако некогаш сте се запрашале како изгледала Цеца Бојковиќ на 20 години, го имаме одговорот: преубаво!
Славната српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ е жена со неверојатна животна приказна. Без разлика дали сте ја сакале како Валерија Гавриловиќ во „Семејно богатство“, Емилија Попадиќ во „Подобар живот“ или сестра Антонија во „Среќни луѓе“, Цеца Бојковиќ покажа величенствена актерска дарба и го збогати српскиот театар со своите многубројни улоги.
Нејзината животна приказна не е ништо помалку филмска, а зад себе има три брака и ќерката, исто така актерка, Катарина Каја Жутиќ.
Цеца во својата долгогодишна кариера имаше повеќе од 115 улоги во филмот и телевизијата, а не е чудно што почнала да глуми кога имала само 16 години. Актерката е родена на 14-ти декември 1947-ма година, а дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Во нејзиниот клас имало многу познати актерски имиња на денешницата, а на крајот на шеесетите, кога студирале, не можеле да претпостават дека речиси сите ќе постигнат завидна и успешна кариера.
На една страница на Инстаграм можете да најдете фотографија од млади и перспективни актери во тоа време, направена во 1967-ма година, а меѓу нив е и дваесетгодишната Светлана Цеца Бојковиќ.
Цеца и денес е софистицирана дама, а евидентно е дека и во младоста била вистинска убавица, неспоредлива!