Јован (19) е херојот од Виница: Спасил 20 деца во пожарот, а сега сите се молиме за него - „Врати ни се жив, Јован!“

Добивај вести на Viber

Јован Костадинов од Виница на свои 19 години покажал дека има големо срце. За неговото херојство овие денови се пишува на социјалните мрежи.

Јован е еден од повредените во пожарот кој се случи во неделата рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади животи.

„Херојството не се мери со години, туку со храброст и човечност ! Јован од Виница 19-годишно момче , симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани , без двоумење , влезе во огнот за да спаси околу 20 деца! Со црево во рацете и срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кој им беше потребен ! Побрзо оздравување Јован„“, пишуваат на социјалните мрежи.

Тивките херои од трагедијата во Кочани, за кои светот треба да чуе.
„Врати ни се жив, Јован!“, порачуваат негови блиски пријатели.



Виница тагува за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.Тагува и за своите сограѓанки.Тагува за нивната младост и прекинатите соништа, соништата на Ана и Моника.

Во родниот град на Ана и Моника блиски пријатели, роднини и сограѓани положија свежо цвеќе и запалија свеќи на плоштадот „Ангел Винички“, каде е отворена и Книга на жалост во која ќе може да искажат сочувство за загинатите во пожарот.

Фото: Социјални мрежи/ Фејсбук и Инстаграм