Можеби најдраматичната снимка од „Пулс“: Се гледа колку се влошила ситуацијата во само неколку минути

Добивај вести на Viber

Како што луѓето кои беа во дискотеката „Пулс“ пред една недела се опоравуваат, така на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе видео снимки од пожарот кој насилно уби 59 лица, а над стотина завршија со повреди.

Сега на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа црн густ чад, а луѓето што снимаат се во шок и не можат да поверуваат што се случува.