Се молиме за Горан Тонев, гитаристот од ДНК кој е помеѓу повредените во пожарот: Еве што знаеме за младиот музичар

Граѓаните на Македонија ги живеат најтешките денови во историјата од постоењето на нашата држава.
Трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе, а 150 се повредени како да го сплоти народот во едно.
На 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концертот на групата ДНК и нивниот бенд избувна пожар.
Помеѓу загинатите се и дел од бендот, вокалот Андреј Ѓоргиевски, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, гитаристот Александар Коларов, клавијатуристот Филип Стевановски, придружниот вокал Сара Пројковска, битбоксерот Мартин Атанасовски и тонецот на бендот Игор Велков.
Помеѓу повредните од бендот се Владимир Блажев Панчо кој е на лекување во Аџибадем Систина во Скопје и гитаристот од Штип, младиот Горан Тонев кој е на лекување во некоја од европските земји, додека Ана Костовска другиот придружен вокал на бендот е на домашно лекување.
Инаку Тонев е дипломиран музичар изведувач – гитара на Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и пејач, тој во 2020 година дебитираше на „Макфест“ со песната „Моја и твој“, а исто така беше дел од големото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ и Ивана Петерс.
Настапот можете да го погледнете на 2:58:26.
Горан во 2021 година ја објави неговата втора песна „Не можеш без мене“.
Тонев е помеѓу повредените во страотниот пожар кој се случи во Кочани, неговото лекување е во некоја од Европските земји.