„Песнава ме прогонува со денови, како доказ за бесмисленоста на животот“: Џамбазов ја отпеа „Ако утре ме нема“ во чест на жртвите во пожарот – Никогаш потажно не звучел

Една недела живееме во тага, болка и спомен за жртвите кои на рано утрото на 16-ти март пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани го загубија животот.
Не се памети ваква трагедија во нашата земја. Во страотниот пожар кој се случи за време на концертот на ДНК, животот го загубија 59 луѓе од кои најголем дел деца и над 150 се повредни.
Сведоци бевме на објави во кои блиски пријатели, роднини се простуваа од загинатите. Трогателни пораки кои кинат срце и душа.
Помеѓу жртвите беше и вокалот од дуото ДНК, Андреј Ѓорѓиоски. Во негова чест и во чест на сите жртви во пожарот, Игор Џамбазов во негов стил им ја посвети песната „Ако утре ме нема“.
„Песнава ме прогонува.
Со денови наназад ми дише во врат.
Како потстанар да ми е во мозокот.
Како краста што не зараснува.
Како доказ за бесмисленоста на животот.
Како опомена за идните генерации.
Почивајте во мир деца наши …“, напиша Џамбазов.