Тамара семејно на фудбал: Емотивен натпревар во чест на загинатите во Кочани - Гласно се пееше „Што сака нека биде“

Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер на стадионот „Тодор Проески“ одигра натпревар против репрезентацијата на Велс.
Натпреварот во кој се одигра 1:1, беше пол со емоции и во знакот на трагедијата во Кочани.
На стадионот „Тодор Проески“ во чест на загинатите беше поставен видеобим кој потсетуваше на трагедијата, ечеа навивачки песни, но и песните на ДНК. Гласно се пееше последната песна отпеана на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, „Што сака нека биде“.
Трибините на стадионот во Скопје преполни. На овој натпревар имаше и хуманитарен карактер. Финансиските средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за погодените од трагедијата во Кочани, одлучија од ФФМ.
Тамара Тодевска беше на трибините и гласно навиваше за Македонија, друштво и правеше нејзиниот татко Велко, момчето Лука и нејзините деца Хана и Дарен.
Дарен облечен во дрес на Македонија, онака како што доликува на еден страстен навивач.
Додека македонските фудбалери се подготвуваа за почеток на натпреварот, на стадион ечеше песна на ДНК. Тамара направи куса видеоприказна, и телефонот го насочи кон небото.
Натпреварот беше неизвесен посебно во втората половина, но и емотивен. На 59-та минута времето беше стопирано. Натпреварувачите застанаа во место, а присутната публика со громогласен аплауз им оддаде почит на загинатите во пожарот во Кочани.
Фото: ИнстаграмРЖМ