Преживеа рак на дојка и стана рекордер: „Трчањето без блуза беше начин да си го измамам умот“

Луиз Бернадет Бучер, позната како „Жената маратонка без маица“, ја реализира својата мисија да ја подигне свеста за ракот на дојката и лузните од мастектомија. А тоа го постигнува тоа - со трчање без маица. 51-годишната жена од Велика Британија го истрча првиот маратон шест недели по мастектомијата, а минатата година го истрча Лондонскиот маратон.
Луиз, која има завршено пет маратони до денес, почна да трча по години борба со здравствената анксиозност.
„Тоа беше единствениот начин да го измамам мојот ум и да се уверам дека сум физички добро“, признава таа. Меѓутоа, додека тренирала за нејзиниот прв маратон, и бил дијагностициран лобуларен рак на дојка.
Закрепнување преку трчање
Говорејќи на Лондонскиот маратон, таа рече: „Продолжив да тренирам преку двете мастектомии затоа што не знаев како поинаку да се справам со таквата огромна траума и знаев дека трчањето ми помогна во минатите борби и никогаш не ме разочара“.
Слобода во трчање без маица
Не само што трчањето без маица и помогна на Луиз да се ослободи, туку и помогна да го прифати своето ново тело и да научи да се гордее со сето она низ кое поминала. Не само што сака да им помогне на луѓето заболени од рак на дојка и преживеаните, туку и да им помогне на луѓето со самодовербата. Сподели видео од своето патување на интернет, документирајќи ги нејзините трчања.
„Сега тоа ми е нормално. Чудно е кога носам маица додека трчам! Излегов пред некој ден со маица бидејќи беше малку ладно, обично ја соблекувам кога ќе се загреам, а една жена ме застана на улица и ме праша зошто носам маица. Сега кога излегувам надвор, не ми изгледа тоа толку чудно, бидејќи тоа влијае на луѓето.
Светски рекордер
Кога Луиз трчаше на Лондонскиот маратон во април минатата година, таа успеа да собере 3.500 фунти за болните од рак на дојка. Храбрата жена постави и Гинисов рекорд како најбрз маратонец со двојна мастектомија.
„Луѓето плачеа, жените го извикуваа моето име, хирурзи за рак на дојка доаѓаа кај мене - тоа беше едноставно неверојатно“, вели Луиз за своето искуство. Таа, исто така, планира да објави книга наречена „Going Topless“ оваа година.
Инспирација за жените ширум светот
Луѓето побрзаа да ја поддржат Луиз откако стана вирална сензација. Во коментарите на нејзиниот профил на TikTok, едно лице напиша: „Вие сте таква инспирација за жените кои се во ваша ситуација и сакаат да знаат како ќе изгледаат по операцијата, но не сакаат да прашуваат. Господ нека ти е на помош“.
Друга додаде: „Оваа жена мора да се чувствува толку слободно, го сакам ова за тебе. Каква неверојатна жена, аааа!" „Морам да ви се поклонам. Ова е најдоброто нешто што сум го видел на TikTok“, се дел од коментарите.
Жена со рак на дојка сподели како и помогнал профилот на Луиз на социјалните мрежи. Таа рече: „Каква легенда, драга жено. Утре почнувам со хемотерапија, имам закажано мастектомија за јуни. Ти си токму она што требаше да го видам денес, ми даде крилја. Целата сила за тебе."
Фото:Извор: Ona.telegraf.rs