„Пред- роденденски подарок за нашиот син“: Татјана и Новица му приредија изненадување на синот

Добивај вести на Viber

Музичкиот пар Татјана Лазаревска и Новица, му приредија изненадување на синот Петар.

За неговиот 21 – ви роденден му подарија автомобил.

„Изненадување!!! Пред-роденденски подарок за нашиот син“, напиша Татјана.

На видеото објавено на Инстаграм стори, Петар се доближува до автомобилот и изненаден дека тоа е подарок за него. Со неговиот брат заедно влегуваат во автомобилот и го разгледуваат.

Петар и Стефан не ја симнуваат насмевката и задоволството од нивното лице.

Неодамна и Татјана прослави јубилејни 50 години.

Пејачката со сопругот и двајцата синови веќе 10 години живеат и работата во Австралија.

Фото: Инстаграм
РЖМ