„Песнава сега поинаку се пее и слуша... Андрејче ќе те пееме“: Антониа Гиговска со емотивна објава

Антониа Гиговска објави инстаграм приказна во црно – бело додека ја пее песната на ДНК – „Романи“.
„„Романи“ – Песнава сега поинаку се пее и слуша … Андрејче ќе те пееме – ДНК“, напиша Антониа.
Подобро вака,
По добро да те памтам,
Низ солзи да те гледам,
Низ болка да се смејам,
Подобро вака,
Пред мене стои бела хартија,
Лицето твое го гледам на неа,
Ниедна буква не ми излага
Од душа уморна, уууморнааа …
Вака Андреј заедно со Панчо пеат во песната. Инаку текстот на песната е на Панчо.
Антониа изминатите денови споделуваше фотографии за сочувство за загинатите во дискотеката во Кочани и за нејзините колеги од бендот на ДНК. Инстаграм профилот како и повеќето јавни личности целосно го отстапија за повик за помош и донации за семејствата на повредените.
Инаку пред само седум недели Антониа Гиговска со нејзиниот бенд имале настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани, покажуваат објавените фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.