Ова мора да го направите за ЗДРАВЈЕ: Го одбележуваме Преподобен Бенедикт Нурсиски

Добивај вести на Viber

Православна црква и нејзините верници денес го празнуваат Свети Бенедикт Нурсиски.

Роден бил во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од богати и угледни родители. Не се задржал долго по школите, зашто брзо увидел дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излегол како „ненаучен мудрец и разумен незнајко“.

Побегнал во еден манастир, каде примил монашки чин од монахот Роман и се повлекол во една недостапна гора, па останал во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од три години.

Роман носел леб и го спуштал со јаже од една стрмна карпа до влезот на пештерата на Бенедикт. Кога се прочуло по околината, за да ја избегне човечката слава, побегнал оттаму. Бил многу суров кон себеси. Еднаш кога го спопаднал демонот на блудот, се соблекол гол и се валкал по коприви и трња сè дури не отстранил од себеси секаква помисла на жена.

Бог му дал многу духовни дарови: бил прозорлив, исцелувал болни, изгонувал демони, воскреснувал мртви, им се јавувал на луѓето и на јаве и на далечина и во сон.

Еднаш прозрел дека чашата со вино што му ја дале е отровна. Ја прекрстил и таа пукнал. Устроил дванаесет манастири, во секој од нив по дванаесет монаси. Подоцна се создал посебен ред на бенедиктинци, којшто и денес постои во Римската црква.

Шест дена пред смртта наредил да го отворат неговиот гроб кој бил подготвен од порано, бидејќи светителот го провидел својот крај. Ги собрал сите монаси, ги посоветувал и Му го предал својот дух на Бога, Кому верно Му послужил во сиромаштија и чистота. Неговата родена сестра, Схоластика, живеела во еден женски манастир и по примерот на својот брат и самата се подвизувала мошне строго и достигнала големо духовно совршенство.

Кога Свети Бенедикт ја испуштил својата душа, двајца монаси, едниот на пат а другиот во една оддалечена келија, молејќи се, виделе истовремено идентично видение: пат од земјата до небото послан со скапоцени ткаенини и од страните осветлен со редици луѓе; на врвот од патот стоел еден човек со неопислива убавина и блесок, а им рекол дека патот за Бенедикт, кој Му е омилен на Бога, е подготвен. Од ова видение двајцата браќа дознале дека нивниот игумен заминал од овој свет. Свети Бенедикт се упокоил во 543 година.

Обичај е на свети Бенедикт Нурсиски верниците да му се молат на овој светец за здравје и да запалат свеќа во црквата.

Фото: Denovi.mk
Извор: Denovi.mk