Животна училница // Приказни
Херојките од Мјанмар: Еве како медицинските сестри ги штитат бебињата во породилиште за време на земјотресот (ВИДЕО)
- 29 Март, 2025 16:14

На социјалните мрежи се појави видео од Мјанмар на која се гледа како медицинските сестри во породилиште и покрај стравот за време на вчерашниот разорен земјотрес, инстинктивно ги штитат новороденчињата со своето тело.
Во свет обземен од тешки настани, ваквите моменти на херојство и несебичност нè потсетуваат дека човечката добрина и храброст секогаш излегуваат на површина, дури и во најтешките моменти.