Ќе спиеме еден час помалку: Еве кои состојби може да се појават со промена на летното сметање на времето

Добивај вести на Viber

Преминот кон летното сметање на времето, односно поместувањето на часовникот напред, создава бројни тешкотии за многу чувствителни луѓе. Ноќта помеѓу сабота и недела, 29 и 30 март, во 2 часот по полноќ ќе го поместиме часовникот нанапред на 3 часот.

Во текот на првите неколку дена, сензитивните луѓе може да почувствуваат одредени состојби како - замор, поспаност, слабост, кардиоваскуларни проблеми. Сето ова е предизвикано од стресот, поради наглите промени во ритамот на спиење и будење, како и намалената количина на сон. Нарушувањето на сонот може да влијае и на менталното здравје, се намалува способноста за концентрирање, што се рефлектира во секојдневните активности.

Најголемиот предизвик што се јавува по менувањето на часовникот е прилагодувањето на внатрешниот биолошки часовник. Овој ритам регулира многу физиолошки процеси, како што се спиењето, телесната температура и метаболизмот и е синхронизиран со дневната светлина. Ненадејната промена на времето може да го наруши овој ритам, што често доведува до несоница, замор и намалена концентрација. Менувањето на часовникот може да има најголемо влијание врз метропатите и хроничните пациенти, но и целосно здравите луѓе многу ги чувствуваат овие промени.

Заморот предизвикан од поместување на часовникот трае само неколку дена, најмногу седум, а метеоропатите и хронично болните пациенти можат да го почувствуваат уште подолго. За да се ублажат последиците, потребен е квалитетен сон, како и правилна исхрана, хидратација и зголемена физичка активност.

Фото: Freepik
Извор: Gloria.rs