Актуелно // Insta вести
„Моето срце е засекогаш твое“: Иван Јованов денес слави важен ден
- 26 Март, 2025 11:50

Фронтменот на познатиот бенд Либеро, Иван Јованов денеска има убав повод за славење.
Неговата прва ќерка и миленичка денес слави прв роденден. Ниа , полни 1 годинка.
По тој повод, Иван преку социјалните мрежи сподели фотографија од роденденската фотосесија која ја имаа пред неколку недели.
„Една годинка со тебе, моето срце е засекогаш твое. Среќен роденден Ниа“ - напиша пејачот на Инстаграм приказната.