„Бебето М пристигнува наскоро“: Зои Блаж и сопругот Тадеј со фотосесија пред да станат родители

За многу брзо време ќе се оствари како мајка...
Македонската мејкап артистка Зорица Матијашиќ или попозната како Зои Блаж објави преслатка фотосесија додека е во блажена состојба.
Очигледно е дека Зои ужива во бременоста. Заедно со нејзиниот сопруг, ракометарот Тадеј Матијашиќ, направија фотосесија пред да станат родители за прв пат.
„Бебето М пристигнува наскоро“, напиша Зои на фотографиите.
Дополнително убавата трудница направи и неколку соло фотографии во долна облека, но и во водерен оверсајт костум.
„Бебето е нешто што го носите во себе девет месеци, во рацете три години и во срцето до денот кога ќе умрете“, стои под една од објавите.
Зои во декември со нејзините следбеници го откри полот на бебето.
„Принцезо наша, со нетрпение те чекаме. Нашата најголема желба станува реалност. Те сакаат мама, тато и Хејди“ - напиша Зои.
Фото: Инстаграм/Iichthof.fotostudio
РЖМ