Ана Бунтеска: „Време е за збогум”

Добивај вести на Viber

Кога воздухот стежнува 

И густина од тишина добива

Леплив од она што кажано не е 

И кое со години потиснувано било 

Сенките по ѕидови заживуваат

И во ехо нивниот глас се слуша 

“Време е за збогум” 

Кога зборовите луксуз станале 

А воздишките се само од умор

Во кој никој никому рака не подава 

А светлината на денот 

 Само до прагот допира 

Натежнато крцкаат гредите како да велат 

“Време е за збогум”

Кога чекорот накај дома 

Е како камења в чевли чоек да има 

Та колку понапред грабиш 

Толку повеќе наназад одиш

Нема близина која далечна не станува

И во умот клука мислата

“Време е за збогум” 

Кога во постела како во ковчег е

И коските ти ѕемнат толку многу 

Што ти се чини дека се смалуваат 

Та телото од самотија ти се грчи 

Дур пареата од здивот на прозорецот застанува

Помиреноста со прст на него испишува 

“Време е за збогум”

Кога трпезата полна е 

А околу неа празни столици зјаат 

Со остатоци од храна во напукнати чинии

И талог од црно вино во високи чаши засушен 

Отпечатокот од кармин на згужвана салфета 

Безгласно без престан повторува 

“Време е за збогум” 

Кога ти без мене среќен си

И смеата ти запира 

Кога до мене наближуваш 

Та круговите околу очи се’ потемни ти се 

А рацете низ тело сраснати ти стојат 

Како скаменети, како твои да не се 

Време е.........................

И смеата ти запира 

 Кога до мене наближуваш 

Та круговите околу очи се’ потемни ти се 

А рацете низ тело сраснати ти стојат 

Како скаменети, како твои да не се 

Време е.........................

Кога бегаме на различни страни 

И немаме страв оти ќе се изгубиме 

Туку само надеж дека нема да се најдеме 

Кога заветите сме си ги погазиле 

И на љубовта сме си згазиле 

И ти и јас знаеме колку и да не сакаме 

“Време е за збогум”


За Женски магазин, Ана Бунтеска