Подготвен сум и сакам да одам во Македонија, затоа што ја сметам за мој втор дом: Ѓорге Давид тешко погоден од трагедијата во Кочани

Добивај вести на Viber

Невидена трагедија ја обви во црно Северна Македонија, откако избувна пожар во Кочани. Загинаа 59 лица, а меѓу нив имаше и познати музичари кои настапија таа вечер.

Пејачот Ѓорѓе Давид е надвор од себе откако се случи трагедијата во Кочани, а имал можност да запознае член на бендот додека работел во Македонија.

- Имав можност да запознаам едно момче бидејќи често сум во Македонија и знам дека овие момчиња се многу актуелни и популарни. Ова не е трагедија само за Македонија или за Балканот, ова е трагедија од светски размери. Не се сеќавам да се случило вакво нешто, ова е огромен број млади луѓе кои требаше да бидат идни татковци и мајки. Имам многу измешани чувства затоа што се имам слушнато со милион луѓе што ги познавам и тагата таму е огромна и не можам да замислам дека се е така, како се да умрело во Македонија. Се спремам да одам во Македонија и имам потреба затоа што ја сметам за мој втор дом. Сакам да се сретнам со моите пријатели кои се таму и кои ги познавам - зборува Ѓорѓе Давид за „Блиц“ и додал:

- Страшно е колку клубови се „само така направени“ и добиле работни дозволи иако не ги исполнуваат деведесет проценти од условите и стандардите и затоа има толку многу жртви. На луѓето во Македонија им кажав дека треба да се занимаваат со тоа со што се занимаваат, бидејќи државата не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има лиценци кои не се валидни, а им намигнала со едното око, ќе треба да одговорат и да кажат зошто имаат документи - вели тој и додава дека целата ситуација дополнително треба да се одрази на воспитувањето на децата.

-Имам десетгодишна ќерка и знам како ќе се однесувам кон неа во наредниот период и никогаш нема да ја воспитувам да ми го поставува прашањето „како можат другите да го направат тоа“, по полноќ на малите деца нема место во клуб или на улица. Работите толку се измешаа што свирките почнуваат по дванаесет часот, што е целосно надвор од памет и кога станува збор и за публиката и за изведувачите. Не е нормално и сега се отвора вратата од пандорината кутија и се поставуваат илјада прашања, но никој не може да ги врати тие животи и нема помош за родителите. Не ми се верува дека проклетите пари станаа толку големи што луѓето не размислуваат за луѓето, за своите ближни и дека луѓето се третираат како стока и тие даваат пари. Ако парите се толку важни што клубот не ги исполнил стандардите, тогаш се што му искршиле куќа, автомобил и локали е сосема нормална реакција на народот. Казната што го следи апсолутно ја заслужува.

Ѓорѓе ја откри моменталната состојба со жртвите во Белград и Ниш.

- Во овој момент многу ми е драго што Србија покажа емпатија и љубов кон соседите и што дел од луѓето се наоѓаат во Клиничкиот центар во Србија. Имам информации од моите пријатели дека луѓето во Белград се во стабилна состојба, но ситуацијата може да се промени. Добив информација и од Македонија дека луѓето кои немаат тешки физички повреди имаат многу сериозни повреди на белите дробови и на некои им откажуваат белите дробови поради количината на јаглерод моноксид што го вдишувале, а тоа е труење од највисок степен. Се надевам дека сите тие луѓе ќе излезат како победници и дека нема да има жртви - рече Ѓорѓе.

Извор: Blic.rs
Фото: Инстаграм