Вељко ја изненади Богдана за роденден: Ѝ купи подарок од 80.000 евра

Богдана Ражнатовиќ вчера прослави роденден, а сопругот Вељко Ражнатовиќ и купи автомобил вреден 80.000 евра на подарок.
Имено, Богдана Ражнатовиќ најпрво го прославила роденденот со пријателите на ноќно излегување, а во текот на ноќта и пристигнало изненадување во ресторан.
Богдана зрачеше од среќа, а многумина забележаа дека и по три породувања има феноменална фигура.
Вељко Ражнатовиќ одлучи да ја изненади сопругата со скап автомобил за нејзиниот роденден.
Богдана доби автомобил од 80.000 евра.
Изненадувањето без сомнение ја воодушеви, а на автомобилот имаше и црвени балони во форма на срце.
Тие живеат во Тител со своите синови
По стапувањето во брак, Вељко се преселил во Тител со сопругата Богдана и синовите Жељко, Крстан и Исаија, каде што има свињарска фарма.
Тој во емисијата „Цеца шоу“ на телевизија Блиц зборуваше и за својот рурален начин на живот.
- Пресврт за да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека Белград засекогаш го нема и дека не сакам моето дете да расте во таа средина. Го мразам градот, не можам да ги правам работите што ги правам овде во Белград, се плашам да пијам кафе во градот. Белград е на половина час возење, Зрењанин е 15 минути, Нови Сад е 20 минути - вели Вељко.
Извор: Zena.blic.rsИзгледа како „потоната во злато“: Богдана Ражнатовиќ го прослави роденденот со другарките